Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем
Македонија

Тркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем

18/04/2024

AA

Вчера се одржа тркалезна маса посветена на “фриленсерството” во Северна Македонија, организирана во рамки на проектот ‘Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. На тркалезната маса се дискутираше за новите нестандардни форми на “вработување”, со фокус на промоција на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за само-вработување и генерирање дополнителни приходи.

На тркалезната маса присуствуваа преставници од владините и невладините организации, претставници на интернационалните развојни организации, како и независни експерти и фриленсери кои ги споделија своите ставови и гледишта.

Дигиталните платформи за работа кои се користат за давање на најразлични услуги се резултат на најновата технолошка револуција на пазарот на труд. Бидејќи се релативно нови, истражувачите се стремат да ги дефинираат и измерат, додека креаторите на политиката се соочуваат со предизвикот како да ги регулираат. Овие платформи имаат генерално позитивно влијание на економијата и придонесуваат за креирање на работа и иновации и овозможуваат приход за работниците (често дополнителен) и можност за пристап до вработување на ранливите категории на граѓани.

“Во С. Македонија расте бројот на фриленсери кои што сакаат да работат од дома, со флексибилен распоред на своето време и да имаат директен пристап до глобални пазари и да бидат конкурентни на тие пазари. Водени се од личниот раст и развој и постојано вложуваат во стекнување на нови вештини и усовршување на постоечките. Се уште социјалниот статус на фриленсерството не им нуди социјални бенефити и сигурност. Но барем од табу тема Импакт Фондација преку проекти од различни донатори, во последните две години успеа да ја смени перцепцијата на јавноста и да ги мотивира фриленсерите јавно да истапат да вложуваат во себе  и денес да бидат горди на својата успешна фриленсерска кариера.” – објаснува Елена Иванова, директор на Импакт фондација, организатор на тркалезната маса.

Помеѓу главните предизвици за фриленсерите кои беа дискутирани се: неможноста за остварување на работнички и социјални права (особено за женската млада популација); отсуството на форма во постојното законодавство која нуди истовремено и флексибилност за работодавачите и сигурност за работниците; потребата за уредување на статусот во регулативата, комплексните административни процедури за плаќање на данокот на личен доход при остварувањето приходи од странство; комплицираниот пристап до приватно здравствено осигурување, можностите кои се понудени од државата за едукација и усовршување на вештините, непостоење на платформа која ги содржи сите информации кои им се потребни и сл.

Надлежните институции, како Министерството за труд и социјална политика, Министерство за финансии, како и Агенцијата за вработување на РСМ, се отворени и сакаат да одговорат на потребните на фриленсерите. Но, не постои брзо решение за трајно да се реши проблемот. Македонскиот закон за трудово право е ригиден и не препознава нови форми на вработување. Постои инцијатива и во процес е изработка на закон за воведување на нова регулатива во делот на работа на дигитални платформи и регистар за доброволно и самостојно регулирање на придонесите за пензиско и здравствено осгиурување. За да се забрза процесот, потребно е да се дефинира категоријата на лица кои ги вршат овие работи и видот на ангжаманот, со цел да се создаде основ по кој фриленсерите ќе имаат директна врска за влез во задолжителното социјално осигурување.

Иако сегашната регулатива дозволува да се плаќаат придонесите, сепак потребно е поедноставно и директно решение кое ги задоволува меѓународните стандарди. Фриленсерите препорачаа дека е потребно да се развие национална стратегија и пакет мерки за поддршка и развој на фриленсерството и вработување на далечина со цел да се влијае позитивно на екоситемот за фриленсинг во С.Македонија и да се спречи иселувањето на млади и талентирани лица, кои постојано имаат потреба да се едуцираат и усовршуваат за да останат конкурентни на пазарот на труд.

“Дискусијата која ја имавме заедно со сите вклучени страни влеа надеж дека постои засегнатост и волја да се работи на оваа значајна тема. Во моментот губат и двете страни и државата и фриленсерите. И ако може да истакнеме : имаме и трета страна – а тоа е пазарот на тие услуги кој во С.Македонија ќе остане неконкурентен доколку не го развиваме.

Верувам дека оваа дискусија е појдовна основа за регулирање на статусот на овие лица, согледување на предизвиците и можностите и креирање насоки за делување.” – додаваат од Импакт Фондација

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy