
ТРКА ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Советот на ЈО утре дава мислење за петте кандидати
Советот на јавни обвинители утре на својата 38-ма седница ќе ги разгледува кандидатурите за нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот има рок од 15 дена да достави позитивно или негативно мислење до Владата за пријавените кандидати.
Иако официјалните листи не се објавуваат веднаш, во јавноста веќе се потврдени пет имиња кои претендираат да го заземат местото на Љупчо Коцевски:
Доколку ниту еден кандидат не добие позитивно мислење од Советот, Владата ќе мора да му предложи на Собранието распишување нов оглас. Актуелната в.д. обвинителка Тополова-Исајловска според законот може да ја врши функцијата најмногу шест месеци.
