Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРКА ПО ПАРИ: Со платата го одржуваат домаќинството, а секој денар плус го трошат за да си дозволат нешто повеќе
Економија

ТРКА ПО ПАРИ: Со платата го одржуваат домаќинството, а секој денар плус го трошат за да си дозволат нешто повеќе

09/04/2024

AA

Многу македонски
граѓани кои се вработени, работат и хонорарна, дополнителна работа со
флексибилно работно време, која ќе им донесе заработка плус.

Овие граѓани
објаснуваат дека со платата ги покриваат основните трошоци за живот, купуваат
храна и плаќаат сметки, а парите заработени од друг ангажман ги трошат за да си
дозволат нешто повеќе, како одење на одмор или да излезат за викенд надвор од
градот или државата. Дополнителните приходи им влеваат одредена сигурност дека
ако останат без работа, ќе имаат макар и минимален прилив на пари додека да
најдат нова работа. Трошоците за живот се високи и граѓаните се во трка по
работа и по пари, со цел да ги задоволат потребите.  Велат дека не е лесно, но принудени се да
бараат и друг извор на приходи освен платата.

„Вработена сум
веќе 17 години. Во тој период, кога имав шанса за дополнителна работа, истата
ја користев. Има периоди кога хонорарна работа нема, но има и периоди кога
лесно се наоѓаат хонорарни ангажмани. Обично ми се случувало во текот на
летните одмори или во зима околу празниците во јануари, да нема ангажмани од
причина што во тој период луѓето слават. Таа хонорарна заработка ми значи и ми
овозможува да си дозволам некое патување плус или дури и ако не патувам, знам
дека месецов ќе заработам  некој денар
повеќе, нема да зависам само од платата, а знаеме дека платите во Македонија не
се доволно високи за удобен живот. Имам познаници и пријатели кои го прават
истото, работат и дополнителна работа ако се укаже прилика. Едноставно
трошоците за живот растат постојано и мораме да се снаоѓаме. Сметајте дека има
семејни луѓе кои земаат плата од 25.000 или 27.000 денари и тие пари не се
доволни за пристојно живеење“, вели наша соговорничка.

Социологот Лилјана
Полевска објаснува дека и во иднина ќе има сè повеќе такви примери.

„Високите трошоци
и ниските плати и пензии ги принудуваат луѓето да работат, за да можат да
опстанат, да си покријат сметки, да купат лекови и да имаат достоинствен живот.
Има луѓе во средни години и пензионери кои работат нешто плус“, додава
Полевска.

Младите работат на две, а понекогаш и на три работни места
за да си дозволат квалитетно
живеење. Ова го соопштија лани од Македонската платформа против
сиромаштија. На едно четиричлено семејство му се потребни околу
1.000 евра месечно за да преживее според синдикалната кошничка која ја
пресметува Сојузот на синдикати на Македонија. Поточно на едно семејство во март
годинава му биле потребни безмалку 59.000 денари за покривање
на основните потреби. Во огласниците има луѓе кои бараат
дополнителна работа која би ја обавувале по 16, 17 часот во работните денови
или за викенди. Како што наведуваат во огласите, спремни се да разнесуваат
роба, да чистат, да одат на промоции, да делат флаери и слично.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy