Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари, ќе се отвори и јавна набавка за нови
Македонија

Трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари, ќе се отвори и јавна набавка за нови

14/03/2023

AA

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути истакна дека трите противпожарни авиони се функционални и спремни за гасење пожари во летниот период. Тој посочи дека денеска ќе отворат јавна набавка за други нови авиони.

-Двата авиони беа користени цело време. Ние имавме интервенција со авиони и во ноември лани, што не е типично за тој временски период и на 7 јануари оваа година, кога со авион е интервенирано на пожарот. Третиот авион се врати минатата недела и е спремен да се употребува. Денеска ќе отвориме нова јавна набавка за други авиони. Мислам дека влегуваме во една фаза, односно континуирано да ги следиме и да ги решиме проблемите кои може да ни се појавуват, рече Максути на предавањето на донацијата од Владата на Романија за ДЗС.

Максути потенцира дека предизвик за институциите и Владата преостанува решавањето на проблемот со немањето на доволно пилоти за авиони.

-Единствено, за сите институции но и за Владата предизвик ни преостанува решавањето на проблемот со немањето доволно пилоти за авиони. Значи, во секој авион треба да служат тројца пилоти за да имаме континуитет во тоа што се работи. Правилата на Цивилното воздухопловство на ЕУ се многу ригорозни, стриктни во однос на употребата, во однос на летањето, затоа што станува збор за една најспецифичните и најризичните летала за управување, рече тој.

Максути информира дека веќе се обратиле и до Владата и до Министерство за финансии да им овозможат дополнителни средства за привлекување луѓе.

-Сепак, тоа е навистина предизвикувачко прашање затоа што многу луѓе може да наоѓаат многу полесни работни позиции, места на цивилни летала. За да управува пилот со вакво летало, треба дополнителна обука која што е многу скапа, која што е многу ригорозна, и која што честопати односно најчесто завршува со неуспех. Значи кандидатите треба да бидат навистина на нивото на задачите за да можат да управуваат, да можат да бидат лиценцирани со таков вид на летала, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање, Максути рече дека многу е тешко да се најде кадар за таков вид на летала, посочувајќи дека за да се донесе кадар надвор од државата тие треба да поминат низ повеќе филтри.

-За да се донесе некој од надвор треба да помине низ филтри, односно треба да добие лиценца и овластување од Агенцијата за Цивилно воздухопловство во РСМ за да може да управува со наш авион. Но, тоа е предизвик за којшто треба да размислуваме и во иднина. Моментално работиме на тоа и се надевам дека ќе најдеме начин оваа бројка што ја имаме моментално да ги исполнува задачите, затоа што дел од нив веќе поради старост, поради други причини ги завршуваат своите обврски тука. Ние мора да размислуваме односно да имаме во континуитет нови кадри, пилоти коишто ќе може да ги управуваат авионите, рече Максути.

Потенцира дека прават напори за да се реши со немањето на хангар затоа што, како што рече Максути, авионите моментално се чуваат на отворено.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy