
Трите ер трактори на ДЗС започнаа со дејство врз крак од пожарот кај Бељаковце.
Трите ер трактори на ДЗС започнаа со дејство врз крак од пожарот кај Бељаковце.
Пожарот кој вчера започна во атарот на с. Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови.
За жал една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре.
