Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трипуновски тврди дека во земјава е увезено канцерогено млеко од Србија – АХВ го демантира!
Македонија

Трипуновски тврди дека во земјава е увезено канцерогено млеко од Србија – АХВ го демантира!

29/09/2023

AA

На 21 септември оваа година во Македонија е увезено преку 20 тони трајно млеко од Република Србија, со рок на важност до 3 февруари 2024 година и истото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво, изјави претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.

Со тоа, како што посочи, млекото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните.

-Ова е резултатот од лабораторијата врз кое што го темелиме нашето денешно тврдење. Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија. Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи, истакна Трипуновски.

Афлатоксините кои се пронајдени во млекото, како што вели Трипуновски, се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност.

– Кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во Република Македонија. Во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето, праша Трипуновски.

Тој додаде дека дополнително до нив пристигнала и информација дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во земјава детектирано е ниво на афлатоксин М1 во млекото, кое ги надминува максималните нивоа дозволени согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната.

– АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија, вели Трипуновски.

Тој апелираше до граѓаните на максимална претпазливост, а до Бабовски наместо да се брани со напад дека шират лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира.

Од друга страна пак со реакција се јавија и Агенцијата за храна и ветеринарство кои велат дека неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда е последната објавена вест на претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

АХВ апелира, граѓаните да бидат спокојни зашто „канцерогено” млеко со афлатоксин по потекло од Србија, како што тврди Трипуновски, на полиците во маркетите нема. Денес, со согласност на извозникот, од граница, тоа се враќа во Република Србија согласно законски дефинираните процедури.

„За да нема идни шпекулации и замајувања на јавноста, дека граѓаните во земјава пијат небезбедно млеко со афлатоксин, одговорно тврдиме дека со цел спречување на ризикот по јавното здравје, поради утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1, на сила е Решението за безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко и храна за исхрана на животни од 1 декември минатата година кое го донесе Агенцијата за храна и ветеринарство. Со него се врши задолжително лабораториско тестирање на присуство на афлатоксин М1 на секоја пратка со млеко и производи од млеко која се увезува во земјава, а е по потекло од Република Србија или од Босна и Херцеговина. Мостри се земаат на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање на задоволителен резултат од тестирањата. Оттаму, небулозно е денешното тврдење дека небезбедно млеко по потекло од соседна Србија завршило на рафтовите во продавниците. „Веста“ на Трипуновски за афлатоксинот во сурово млеко по потекло од една од поголемите млекарници е стара неколку месеци, иако и со неа денес се обиде да манипулира. Ова млеко, во согласност со операторот, уште во април годинава нештетно е уништено и не стасано во прометот“, наведува АХВ во реакцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти

09/11/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани

09/11/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46674
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСПЕКЦИЈАТА НЕ УТВРДИЛА ПРОПУСТИ ЗА БИЛЈАНА Инспекцијата не најде пропусти во Центарот за социјална работа

09/11/2026

Центарот за социјална работа во Гевгелија постапувал во рамките на законските надлежности и побарал заштитни мерки за 17-годишната девојка, но

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ОТВОРА ПРЕДМЕТИ НА БАРАЊА НА ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ Закани од СДСМ за обвинителот Савески

09/11/2026

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, не врз основа на барања од политички партии, е ставот на Обвинителството

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy