Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трипуновски: Сега се апси, цела влада на СДС тонеше во криминал
Македонија

Трипуновски: Сега се апси, цела влада на СДС тонеше во криминал

13/11/2025

AA

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска излегоа со остра реакција кон Љупчо Николовски (СДСМ), откако тој коментирал гостување на претставник на владејачката партија во централниот дневник на ТВ Сител.

„Љупчо Николовски очигледно не може да го разбере моето гостување во централниот дневник на ТВ Сител каде јасно и прецизно за народот ја објаснив целата ситуација, но толку му е капацитетот. Умот го користи исклучиво за криминал и ширење страв и паника кај земјоделците,“ се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го пренесе интегрално.

Од партијата велат дека политичката кариера на Николовски е завршена и дека тој со манипулации се обидува вештачки да се одржи во јавноста, „брзо заборави што им порачаа граѓаните на локалните избори пред скоро две недели“.

„ОЈО да го истражи неговото незаконско работење“
Наместо да глуми загрижен, од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа Основното јавно обвинителство (ОЈО) да започне истрага за, како што велат, „неговото незаконско работење како поранешен министер“.

Во однос на случајот во Агенцијата (за кој најверојатно се разговарало на ТВ Сител), од партијата велат дека нема простор за загриженост.

„Повторувам, нема простор за загриженост. Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за истражување на случувањата во Агенцијата. Претходно СДС во опозиција кодошеа и ја кочеа Македонија надвор, но тоа сега не им успева,“ стои во реакцијата.

„Сега се апси, нема повеќе наш и ваш“
Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Николовски дека принципот на владеење на СДС е завршен и дека „сега има закон, правила и прописи кои мора да се почитуваат“.

„На крај би му препорачал, Љупчо ти текнува кога беше антикорупционер и врвно достигнување ти беше броењето на испиени чаши со вода на министрите, додека тоневте во криминал цела влада? Епа сега за разлика од претходно, се апси, нема повеќе наш и ваш (…) Секој што се огрешил пред законот и направил злоупотреба на службената позиција мора и ќе одговара,“ заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy