Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трипуновски: Модернизацијата и млади земјоделци – клуч за иднината на земјоделството
Македонија

Трипуновски: Модернизацијата и млади земјоделци – клуч за иднината на земјоделството

29/08/2025

AA

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, продолжува со интензивна поддршка за модернизација на земјоделството, а посебен акцент се става и на младите земјоделци. Во интервју за „Newsmax Balkans“, министерот ги претстави резултатите од реализираните повици, но и плановите за следниот период.

„Како Министерство работиме во делот на модернизација на земјоделството, веќе се објавени низа јавни повици кои што значат стимулација на македонските земјоделци. Покрај стандардните и редовните ИПАРД објави за набавка на механизација, преку националните програми објавивме серија јавни повици”, истакна министерот Цветан Трипуновски.

Еден од највпечатливите повици е т.н. мерка 50-50, со која Министерството кофинансира набавка на модерна земјоделска механизација.

„Првиот јавен повик од националните програми кој го објавивме е во делот за набавка на механизација, тоа е познатата мерка меѓу земјоделците како 50-50, каде што кофинансираме набавка на модерна механизација”, појасни министерот.

Дополнително, се реализирани и  повици за приклучна механизација, како и за набавка на современи системи за заштита на земјоделските производи од климатските промени.

„Тука би сакал да го споменам и јавниот повик за инвестиции за набавка на опрема за производство на храна од животинско и неживотинско потекло, тоа е за малите семејни бизниси. Во овој јавен повик се и инвестициите за производство на вино и алкохолни пијалоци од помал обем. Значи преку овие јавни повици даваме финансиски средства за набавка на опрема и машини кои што ќе значат модернизација и подобрување на постојните капацитети”, посочи министерот Трипуновски.

Особено внимание Министерството посветува на младите земјоделци, како двигатели на иднината во аграрниот сектор. Koe веќе дава конкретни резултати.

Министерот Трипуновски информираше дека на јавниот повик за млади земјоделци пристигнале вкупно 254 апликации, од кои се одобрени 117. Тој нагласи дека ова претставува само една од мерките што досега се реализирани, а во наредната година ќе бидат објавени и нови програми наменети за младите земјоделци.Во завршницата, министерот испрати јасна порака за иднината на земјоделството:

„Клучот на иднината во земјоделското производство во Македонија, регионот и во светот е внесување на свежа енергија, односно млади луѓе кои што ќе започнат да се занимаваат со земјоделство”, заклучи тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy