Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, Бабовски да си поднесе оставка
Македонија

Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, Бабовски да си поднесе оставка

30/09/2023

AA

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес конференција презентираше наводни нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар.

„Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница.

Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија?

Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано.

Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје.

Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот.

Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сожнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи.

Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ.

Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ“, вели Трипуновски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и

24/02/2026
Македонија

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026
Македонија

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА

24/02/2026
Македонија

Кривична пријава за повеќемина – незаконска сеча на дрва во

24/02/2026
Македонија

Бомбашки напад во Москва: Има загинати и ранети!

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ ЗНАЕЛЕ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУБИ, МОЛЧЕЛЕ И НЕ

24/02/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41845
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и оправдана

24/02/2026

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ, велат од СДСМ во соопштение

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА СИТЕ НЕГОВИ ОРТАЦИ Во ВМРО-ДПМНЕ

24/02/2026

Судскиот процес за Артан Груби почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има, велат од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy