
Трипуновски: Исплатени 252.234.467 денари кон 4.328 земјоделци
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денес се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од програмата за 2023 година. Денес се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4.328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион од програмата за 2023 година, и 14.743.587 денари за […]