Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ

31/03/2025

AA

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава како му е на обичниот работник.

Триото Слободан Трендафилов, Трпе Деановски и Иван Пешевски, кои се продолжена рака на триото СДС, ДУИ и Левица, продолжуваат да работат по нивните насоки.

Дека работниците немаат веродостоен претставник во ССМ се докажува секојдневно од страна на ова трио, кое одработува за политиките на опозицијата.

Синдикалците на батерии не го интересира работникот, туку ги интересираат нивните милионски примања кои ги добиваат во вид на плата и други додатоци.

Овие лажни синдикалци работат исклучиво по насока на опозицијата, а доказ за тоа е нивниот молк. Прашањето е зошто Пешевски, на минатата власт, која самиот тој вели дека за една година од 2023 до 2024 ги зголемила трошоците за живот за 200 евра, не излегоа на протест и тогаш да им побараат на истите тие кои ги бранат денес, зголемување на минималната плата за 200 евра? Зошто тогаш ССМ на чело со Трендафилов, не повика на протести, туку само мудро премолчуваа.

Трендафилов, Пешевски и Деановски ги интересираат само парите и поволностите кои следуваат во нивните синдикати, добивајќи ги парите од истите оние работници, кои поради нивната дволичност изминативе години, имаат ниски примања.

СДС го насади ова трио по синдикатите, местејќи ги на позиции со огромни плати, кои ги добиваат од работниците кои земаат минимални плати, а потоа лицемерно бараат неаргументирано и неанализирано зголемување на платите.

Милионските суми кои ги добиваат во само една година, директно од работниците кои членуваат во синдикатите, се во вид на плати кои се за 3 или 4 пати поголеми од минималната плата, а плус на тоа добиваат и останати финансиски додатоци, во вид на договори на дело.

Прочитани се синдикалците на батерии. Владата ги зголемува платите на сите полиња, а тие ниту еднаш не го поздравија тоа!

ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy