
Тричковски и АЕК Ларнака, немоќни против Вест Хем (ВИДЕО)
Македонскиот фудбалер, Иван Тричковски во игра влезе во 77. минута во мечот кој неговиот тим го загуби со 2-0 од премиерлигашот Вест Хем.
Двата погодоци беа постигнати во првото полувреме, Антонио беше херојот на Вест Хем, даде гол во 36. минута за 1-0, и десет минути подоцна погоди за 2-0.
Мечот меѓу Андерлехт и Виљареал заврши нерешено 1-1, Ница со 1-0 славеше на гостувањето кај Шериф.

