
Тричковски го матира Шишковски за триумф на АЕК (ВИДЕО)
Наби од пенал во 10. минута им донесе водство на гостите, додека АЕК Ларнака до пресврт дојде дури во второто полувреме.
Гама најпрво во 60. минута погоди за 1-1, а потоа Тричковски доби одлична топка во казнениот простор на Шишковски и без проблеми го матира за конечни 2-1.
Ова е трета победа по ред за АЕК со која се искачи на шестото место во групата и има 29 бодови, односно шест помалку од АПОЕЛ, додека Докса е последна со само четири бода.