
Три женски лица, меѓу кои и 15 годишно девојче загинаа во сообраќајка на автопатот Миладиновци-Штип (ВИДЕО)
Се зголемува бројот на жртви во тешката сообраќајна несреќа, која се случи на автопатот Штип-Миладиновци на околу половина километар на патарината кај село Кадрифаково. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на Клиничка болница-Штип добиле пријава дека на тешките телесни повреди подлегнала и 37 годишна жена.
Претходно МВР информираше според првични информации дека на лице место се загинати две лица, а голем број на повредени се префрлани во Клиничката болница Штип.
Возила на Брза помош и на Територијалната Противпожарна единица – Штип се на терен, сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, а полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.
Тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Миладиновци – две жртви меѓу кои 15 годишно девојче
Во моментов во тек е увид од страна на истражните органи.

