
Три лица вчера биле каснати од улични кучиња на подрачјето на Скопје
Три лица вчера биле каснати од улични кучиња во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје.
На 10.03.2023 во 14.20 часот во Полициска станица Аеродром М.Ц.(24) од Скопје пријавил дека на ул.Владимир Комаров бил каснат од куче скитник.
На 10.03.2023 во 15.00 часот во Полициска станица Ѓорче Петров С.М.(55) од Скопје пријавила дека на ул. Лука Геров во близина на автобуска станица била касната од куче скитник.
На 10.03.2023 во 17.20 часот во Полициска станица Ѓорче Петров М.М.(57) од с.Ново Село, скопско пријавил дека на ул. Лука Геров бил каснат од куче скитник.