Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата
Економија

ТРИ ЛИЦА ЈА „БРКААТ“ РАБОТАТА ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ – имаат солидни плати, но и вишоци во касата

07/04/2025

AA

Само три лица работат во Агенцијата за регулирање на железничкиот
сообраќај во Македонија, и тие се задолжени за сите активности во ова тело.
Податоците од годишниот извештај на Агенцијата доставен во Собранието, откриваат
дека тројцата вработени делат просечно илјада евра за плати, без придонеси.

Податоците говорат дека за плати за минатата година Агенцијата потрошила
2.311.965 денари, додека за придонеси од плати 899.084 денари. Иако по основ на
плата, вклучително и придонеси било планирано да бидат потрошени 6.217.000
денари, сепак, биле реализирани само 52 отсто од планираните трошоци за оваа
ставка.

Вкупната сума потрошена за плати, доколку се подели на три лица и за 12
месеци излегува дека вработените во оваа агенција добиваат месечно по 1.000
евра плата.

Вкупните приходи во 2024 година во Агенцијата достигнале 18.060.112
денари, износ кој е помал за 5 проценти во споредба со 2023 година, што како
што е наведено во извештајот се должи на состојбите во железничкиот сообраќај.

– Наплатената годишна такса за регулирање на пазарот
на железнички услуги за 2024 година во вкупен износ од 3.238.534 денари од кои
971,560 денари се однесуваат на такса од ЈП за железничка инфраструктура
железници и 2.266.974 од ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Наплатената годишна такса за регулирање на
пазарот на железнички услуги од минатите години во износ од 1.572.412 денари
кој се однесува на такса за 2023 година на ЖРСМ Транспорт АД Скопје.

Приходи од издадени дозволи во износ од 430.420
денари. Пренесен приход од 2023 година во 2024 година во износ од 12.818.746
денари – се истакнува во извештајот на Агенцијата.

Кога се расходите во прашање, податоците покажуваат дека вкупните расходи
по оданочување на Агенцијата за минатата година изнесувале 5.855.902 денари.
Во
споредба со 2023 година расходите се помали за 4 проценти, а намалувањето, како
што пишува во извештајот се должи на мерки за штедење.

Кај расходите, после платата, најголем ставка се трошоците за
интелектуални и други услуги за што биле потрошени 1.634.097 денари.
Потоа
следуваат други услуги за што се потрошени 320.648 денари, а тука влегуваат
трошоци за телефон, интернет, поштенски услуги…

За енергија биле потрошени 134.455 денари, додека ставката за потрошни
материјали била малку повисока и достигнала 141.47 денари.

Органи на Агенцијата се Управниот
одбор и директорот, а според законот, управниот одбор се состои од тројца
членови од кои еден е претседател на одборот. До почетокот на септември
минатата година членови на Управниот одбор биле Раде Лазаревски, претседател и
Ангел Наковски и Бујар Зендели Гафури како членови. Од почетокот на ноември
месец Собранието именува нови членови на Управен одбор и тоа Нена Трајановска
како претседател и Симона Симоска Ефремовска и Бурим Мемеши како членови.
Директор и овластено лице на Агенцијата е Боре Еркечов. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy