
Три гола на Талески во триумфот против Кристијанштад
Талески испрати шест удари кон голот на Кристијанштад, но противничкиот голман успеа да го матира три пати, а тоа ѝ помогна на Бенфика да оствари победа.
Кристијанштад не беше лесен противник затоа што даде голем отпор во текот на целиот натпревар, а посебно во вторите 30 минути.
Бенфика е трета во групата А со два бода, колку што има и Нант, додека лидер е Рајн-Некар со четири бодови.
