
Три Ер Трактори надлетуваат над пожарот во Дебрешта
Трите Ер Трактора на ДЗС втор пат полетаа кон пожарот во атарот на с. Дебрешта, о. Долнени, чиј втор крак се спушта кон с. Кошино. Во првиот налет значително ја намалија силата на огнот на првиот крак на пожарот. Горат трева, грмушки и нискостеблеста деградирана шума.