Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈАТА – власта не отстапува од замрзнатите цени, можно е продолжување и по Нова Година – ИНФЛАЦИЈАТА ДОЈДЕ ДО 3,1 ОТСТО
Економија

ТРГОВЦИТЕ СО ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ЈА НАУЧИЈА ЛЕКЦИЈАТА – власта не отстапува од замрзнатите цени, можно е продолжување и по Нова Година – ИНФЛАЦИЈАТА ДОЈДЕ ДО 3,1 ОТСТО

08/12/2023

AA

Инфлацијата забавува, така барем покажува статистиката, која говори за сголемени трошоци на живот за 3,1 отсто. 

Но, тоа не значат и пониски цени за граѓаните, бидејќи можеби многумина забораваат дека лани во ноември стапката на инфлација изнесуваше драматични 19,5 отсто. Тоа значи дека од лани имаме многу висока споредбена основа, бидејќи цените и тогаш веќе биле драматично пораснати, така што сега не би можело да се очекува толку висок скок. 

Инаку, во октомври стапката на инфлација изнесувала 3,5 отсто, а во септември 6,6 проценти.

Најголем пад на цените има кај храната, односно маслата и мастите, кои поевтиниле за 24 отсто во споредба со истиот период лани, а по пониски цени се продаваат и млекото, сирењето, јајцата и лебот.

Додека, пак, регистрирано е зголемување на цените кај овошјето, за над 13 отсто, зеленчукот за пет проценти, а и кај алкохолните пијалоци и тутунот, кои за една година поскапеле над 10 проценти. 

Бројките за пад на инфлцијата, според власта се должат на замрзнатите цени. Затоа не се исклучува мерката да трае и по Нова година.

– Во случај одредена мерка да се злоупотреби не само што ќе ја продолжиме, туку и ќе ги зајакнеме инспекциските капацитети. Генерално прехранбената индустрија посебно трговијата на мало со храна и пијалаци веќе ја знаат лекцијата дека од страна на Министерството за економија нема да бидат дозволени злоупотреби, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy