Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни
Економија

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

25/04/2025

AA

Трговските синџири го предупредуваат aмериканскиот претседател Доналд Трамп дека полиците ќе останат празни за две недели.

 Иако американските потрошувачи досега беа релативно заштитени, последните одлуки на администрацијата на Доналд Трамп доведуваат до намалување на резервациите, празнење на контејнерските бродови и откажување на испораки.

Трговската војна меѓу САД и Кина продолжува да предизвикува глобални потреси, со сериозни последици по синџирите на снабдување. Шпедициските компании веќе бележат намалување од над 60 отсто во нарачките на стока од Кина, додека некои американски пристаништа, како она во Лос Анџелес, најавуваат големо намалување на сообраќајот.

Извршните директори на најголемите американски трговски ланци – Walmart, Target и Home Depot – оваа недела ја посетија Белата куќа за да ја пренесат својата загриженост: новите царини може да предизвикаат „празни полици“ во продавниците во рок од неколку недели.

Повеќе американски држави ја тужат администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради царините. Дванаесет држави завчера поднесоа тужба. 

Меѓу оние кои тужат се Орегон, Аризона, Колорадо, Конектикат, Делавер, Илиноис, Мејн, Минесота, Невада, Њу Мексико, Њујорк и Вермонт.

Јавниот обвинител на Аризона, Крис Мејс, ги нарече тарифните политики на Трамп „лудост“, додавајќи дека тие се „економски неодговорни и незаконски“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен

21/07/2026
Македонија

Невремето предизвика штети во штипската болница, пациентите ќе бидат преместени

21/07/2026
Македонија

УХМР предупредува: Невреме од Албанија и Косово се движи кон

21/07/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Македонско-индиската економска соработка има голем потенцијал, целта е трговска

21/07/2026
Македонија

УХМР: Нов бран невреме од Црна Гора се движи кон

21/07/2026
Македонија

Невремето го одложи концертот на Џос Стоун во Скопје: Оштетена

21/07/2026
Македонија

Лукровски: Екипите на Општина Карпош се на терен по невремето,

21/07/2026
Македонија

Шест пациенти хоспитализирани во Стара градска болница по невремето: Еден

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44538
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Голема материјална штета во ГОБ „8 Септември“ по невремето, најоштетен е кровот

21/07/2026

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје остави сериозни последици и врз објектите на Градската општа болница „8 Септември“, каде

Невремето предизвика штети во штипската болница, пациентите ќе бидат преместени – службите расчистуваат низ градот

21/07/2026

Силното невреме што денеска го погоди Штип предизвика материјална штета во Клиничката болница, каде е оштетен дел од кровната конструкција,

УХМР предупредува: Невреме од Албанија и Косово се движи кон Македонија

21/07/2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) излезе со ново предупредување за нестабилно време, информирајќи дека невреме кое во моментов е активно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy