
„Тргнувајте еден саат порано“: Судијката ги искара полицајците од Тетово – рочиштето доцнеше цел час
Денешното судско рочиште за Пулс започна со значително задоцнување од еден час, а причината беше ненавременото пристигнување на спроводот од Тетово. Ова предизвика нервоза во судницата и остра реакција од страна на судијката кон полициските службеници.
Веднаш штом започна процесот, судијката побара објаснување за неодговорноста.
Полицискиот службеник се обиде да се оправда со зборовите: „Тогаш не известија…“, но судијката веднаш го прекина, посочувајќи дека нема простор за изговори бидејќи термините биле познати многу однапред.

