Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трезорот ќе работи до 31-ви декември, исплатите продолжуваат нормално
Македонија

Трезорот ќе работи до 31-ви декември, исплатите продолжуваат нормално

15/12/2025

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска категорично ги отфрли тврдењата дека државниот Трезор ќе биде затворен на 15 декември поради недостиг на прилив и дека ќе се стопираат сите исплати.

Таа нагласи дека Трезорот функционира редовно и дека нема никаква причина за вознемиреност кај граѓаните.

„Трезорот не е заклучен и нема да биде. Трезорот работи и нема простор за паника“, изјави Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека информацијата во јавноста била погрешно протолкувана и дека е нелогично да се зборува за затворање на Трезорот во период кога наплатата на даноците трае до 25-ти во месецот.

Според неа, датумот 15 декември не значи прекин на работата, туку претставува рок до кој институциите треба да ги достават своите налози за исплата, со цел подобра организација и навремено сервисирање на обврските до крајот на годината.

„Институциите треба до 15-ти да ги достават налозите до трезорските служби, за да можеме да ја испланираме и следиме реализацијата на исплатите до 31 декември. Тоа не значи дека налози нема да се примаат и по тој датум“, појасни министерката.

Таа истакна дека налозите во Трезорот се задржуваат околу 15 дена поради дополнителни контроли, но дека Трезорот ќе продолжи со работа до последниот ден од годината, како и секоја година досега.

„Трезорот е сектор кој работи и по завршување на работното време, често до седум или осум часот навечер, а имало години кога се работело и до 23 часот“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Министерката потсети дека пензиите биле исплатени навреме, и покрај шпекулациите за можни доцнења, додавајќи дека Буџетот е стабилен и дека државата ќе ги подмири сите преземени обврски.

Во однос на евентуалните доцнења на социјалните трансфери, таа посочи дека одговорноста не е кај Трезорот, туку кај институциите кои ги подготвуваат налозите.

„Ако има задоцнување, тоа е поради неподготвени или неподпишани решенија во рамки на самите министерства. Имавме период на избори и од септември одредени документи не биле потпишувани, но тоа не значи дека Трезорот не исплатил“, рече таа.

Димитриеска-Кочоска информираше и дека во петокот биле реализирани исплати во износ од три милијарди денари, од кои 2,4 милијарди денари се однесуваат на блок-дотации за образованието, вклучително и исплатата на К-15.

Во врска со забелешките за кратење на средствата за лекување на пациенти со ретки болести, министерката појасни дека Министерството за финансии не ги одредува приоритетите, туку врши распределба на буџетските лимити.

„Секоја институција добива одобрен лимит, а како ќе го распредели во рамки на својот буџет е одлука на самиот министер и раководството на институцијата“, истакна Димитриеска-Кочоска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy