
Третолигаш ја извлече Барса во Купот на кралот по што следуваше – луда радост (ВИДЕО)
Нисколигашот сензационално го исфрли Виљареал во претходното коло од ова натпреварување, во меч што се играше во два дена. Првиот натпревар беше прекинат поради проблеми со струјата на стадионот на Унионистас, за потоа средбата да продолжи, а овој тим да слави по подоброто изведување пенали.
Фудбалерите на третолигашот вечерва заеднички ја чекаа ждрепката за осминафиналето, а кога ја добија Барселона, нивните реакции станаа хит на социјалните мрежи.

