Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Третиот ден од собраниската расправа за разрешување министри заврши
Македонија

Третиот ден од собраниската расправа за разрешување министри заврши

15/02/2023

AA

На третиот ден од 104-тата седница, на која точка на дневен ред е разрешување тројца министри, попладнево се полемизираше за политиките на актуелната Влада, која за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е „Пазар 3 коалиција“ и „Купи-продај Влада од денес за утре“.

Реагираа дека премиерот Димитар Ковачевски во експозето не образложил ни една причина за разрешување на министрите, туку зборувал „за европската интеграција и кочничарот ВМРО-ДПМНЕ“. Според опозиционерите, смената во ресорите што ги имаше Алтернатива е само трговија и затоа што „им поминала употребната вредност“.


-Министерот за здравство Беким Сали, кого сега го разрешувате, е истиот оној министер што го фалевте пред една година… Ако е чесен премиерот, треба да каже и од што е задоволен од оние министри што остануваат во Владата, рече пратеникот Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, во коалицирањето е важно да има идеолошки политички лепак. Во спротивно, рече таа, ефектите ќе бидат контрадикторни.


– Што ги врзува партнерите во коалицијата? Бизнис-интересите. Во ЕУ се коалицира врз основа на идеологија, а не врз основа на бизнис-интереси. Во Македонија е коалиција секој со секого. Разрешување и именување министри во последната година се прави само за да се поентира или поради некој скандал, во спротивно ова не е пракса, рече Силјановска-Давкова.

Според неа, „крајно некоректен е ваков однос кон коалицијата, особено кон тројцата разрешени“.


– Се плашам дека Алијанса за Албанците ќе се соочат со истата одисеја како и оние од Алтернатива… , рече Силјановска-Давкова и додаде дека волшебници да се новите министри, за една година не може да се адаптираат, а не да сменат нешто.

Снежана Ванчева-Калеска од СДСМ и реплицираше дека се работи за политички одлуки кои, како што рече, не се носат само на почеток кога се составува Владата и на избори, туку постојано.

– Сè тече и се менува. Владата што ги добила изборите смета дека треба да делува кохезивно, рече Ванчева-Калеска, додавајќи дека во десет години на власт, ВМРО-ДПМНЕ променила десетина министри за образование.

Според Антонијо Милошоски, голем сомнеж остава тоа што кандидатот од Алијанса за Албанците (АА) за нов министер за здравство, Фатмир Меџити, е кумашин на лидерот на таа партија Арбен Таравари и беше претседател на Управникот одбор на ФЗОМ кога Таравари беше министер за здравство на почетокот на оваа Влада. Заради блискост со кумашинот, смета дека „овој случај во најмала рака е непотизам или одреден вид клиентелизам“.

Освен политичка, рече Милошоски, земјава е и во здравствена несигурност, а во изминатите две години сменети се тројца министри за здравство.

-Тоа значи дека како влада немате концепт за здравството бидејќи концептот меѓу другото се темели и на личноста која што ќе ги води главните проекти во здравството, а овде гледаме дека нема таква личност, додаде Милошоски.

Праша и зошто одговорноста за смртта на пациентот со цистична фиброза премиерот ја поврзал само со министерот за здравство, а не ја побарал и кај двајцата директори на ФЗОМ, од кои едниот, рече, е 13 дена на службено патување во САД, а Фондот е осум дена со паднат систем.

На потсетувањата од опозициските пратеници какви биле ставовите на Алијанса за Албанците кон ДУИ, со која сега ќе бидат во коалиција, пратеникот на АА Халил Снопче рече дека „не се пишман“ за тоа што го кажале.

-Не сме пишман за тоа што сме кажале. Не умира нашата кауза, но ќе умре евроинтеграциската перспектива. А ова е клучна година. Со нашето учество во Владата ние даваме надеж за европската иднина на државата, рече Снопче.

Арбер Адеми од ДУИ, пак, кажа дека вратата во владејачката коалиција е отворена и за Беса, Алтернатива и за сите што, рече тој, веруваат во европски вредности и кои ќе учествуваат во создавањето европски фронт.

– За да отвориме ново поглавје на патот на евроинтегрирањето. Ако продолжиме вака, кои се придобивките од статус кво и без решени проблеми? Уставни измени ни се наскоро потребни. Што ќе има лошо ако и Хрватите, Црногорците и Бугарите бидат во Уставот, рече Адеми.

Продолжението на 104-тата седница, на која на дневен ред е разрешувањето министри, ќе продолжи утре во 11 часот.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy