
Трет пораз по ред за Олимпија Милано, симболичен ефект на Димитријевиќ
Третиот пораз по ред доаѓа по серијата од шест победи на Олимпија Милано со што екипата падна на 12. позиција на табелата. Драматичниот меч беше решен во последните секунди, а италијанскиот тим испушти шанса за победа бидејќи го имаше последниот напад, при водство на противникот од еден разлика и не успеа да поентира.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше симболичен настап на овој натпревар и за нешто повеќе од 16 минути постигна седум поени со шут од игра 2/6.
Од останатите натпревари, Монако го совлада Анадолу Ефес и го зголеми притисокот врз Париз за врвот на табелата, додека Макаби ја прекина серијата од шест порази, совладувајќи го Жалгирис.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Реал 69-80
Монако – Анадолу Ефес 94-75
Макаби – Жалгирис 95-78
Олимпија Милано – Олимпијакос 83-84

