
Трет пораз на одбојкарките: И Естонија пресилна за Македонија
Естонија уште во првиот сет покажа дека е премоќна и преголем залак за Македонија, па само десет поени освоија македонските девојки, а нешто повеќе противничките ни допуштија во вториот, за да освоиме 14 и дури во третиот малку поголем отпор пружија избраничките на селекторот Пауновиќ, но без шанса да освојат барем сет.
Македонија своите домашни обврски во групата ги заврши со три порази, па сега следуваат три гостувања до крајот, во кои секако сме апсолутни аутсајдери, но после подолго време македонската женска селекција се враќа на меѓународна сцена и за младите одбојкарки ова е големо искуство.