
Трет пат по ред, Словачка ќе игра на Европско првенство (ВИДЕО)
До 2012 година, кога учествуваат по 16 селекции, Словаците не можеа никако да влезат на континентален шампионат, а откако на него играат по 24, тие се редовни учесници. Клучната победа за пласман на првенството во 2024 година ја остварија вечерва против Исланд кого на домашен терен го совладаа со 4-2.
Исланѓаните поведоа во 17. минута преку Оскарсон, но потоа, од 30. до 55. минута следуваа четири гола на Словачка, преку Куцка, Дуда и два пати Хараслин. Гудјонсен го постави конечниот резултат. Од оваа група, одамна Португалија обезбеди пласман на Европското првенство.
Уште една тешка бламажа доживеа репрезентацијата на Босна и Херцеговина која загуби на гости во Луксембург со 1-4. Тоа е втор пораз на Босанците од овој ривал откако во јуни на домашен терен беше 0-2.
РЕЗУЛТАТ
Црна Гора – Литванија 2-0
Лихтенштајн – Португалија 0-2
Луксембург – БиХ 3-0
Словачка – Исланд 4-2
