Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Трет круг“ избори за Карпош, фалат уште гласачи од Пустец
Македонија

„Трет круг“ избори за Карпош, фалат уште гласачи од Пустец

25/10/2025

AA

Во македонскиот политички простор се чини дека се појави „постизборен феномен“ насочен против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во обид за победа во општината и незадоволна од изборните резултати во оваа општина, иницирала „неофицијален трет круг“ избори, но на дигиталните платформи.

Последниве денови се води акција на социјалните мрежи. Активноста може да се опише како „војна“ чија цел е „да се создаде лажна паника и да се девалвира работата“ на градоначалникот Јакимовски, кој пак се бори за нов мандат.

Како аргумент за овие тврдења се гледа синхронизирана активност од „лажни профили“ или „ботови“ кои, според текстот, споделуваат „исти статуси, исти зборови, исти фотографии“ во координирани интервали.

Доколку овие наводи ги испратите за анализа на ChatGPT ќе добиете заклучок дека ова е резултат на нервоза потикната од видливите резултати во општина Карпош. Се додава дека „таму каде што има резултати, пропагандата нема ефект“ и дека граѓаните можат да направат разлика „кој работи, а кој зборува“.

Во вториот круг се борат Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ, кој влезе со освоени 34.5% од гласвоите и актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски, поддржан од коалицијата „Искуство за успех“, кој бара петти мандат, а во втор круг влегува со 29.4%.

Лукровски ветува дека ако биде избран ќе престане бетонизацијата и урбаното дивеење. Вели во Карпош има два фронта, еден на потрошени играчи, непринципиелни коалиции и луѓе кои успеаја да ги распорадат парковите, а втората опција е онаа која ќе ја врати довербата кај граѓаните.

Стевчо Јакимовски ветува нови фасади, копање бунари, субвенции за фотоволтаици, проект за пензионерите да учат како да користат електронско банкарство. Јакимовски вети и субвенции од 2.500 евра за купување на електрични автомобили, како и обезбедување инфраструктура и полначи за истите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy