
Тренерот на МЗТ влета до пола терен и патем собори противнички кошаркар (ВИДЕО)
Таа најмногу можеше да се види кон средината на втората четвртина, кога тренерот на домашните, Драган Николиќ, лут по една судиска одлука среде меч влета речиси до половина терен да протестира кон судиите. Но, не забележа дека позади себе го има противничкиот кошаркар Гордон, кој налета на него по што за малку не дојде до голем инцидент. Американецот беше збунет и сакаше пожестоко да изреагира, но беше спречен од своите, а највоинствен се покажа центарот на „металците“, Абдул-Малик Абу, кој ја напушти клупата влегувајќи во теренот за да се објаснува.
*инцидентот е на 5:50 минути до крајот на втората четвртина
Николиќ, очекувано, беше исклучен, а истото го снајде и Абу, кој според правилата беше отстранет до крајот на средбата поради напуштање на клупата во случај на инцидент.
