Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов за 4TV.mk: Aко мислат дека со притисоци или со најави за објавување некакви нови снимки ќе нè замолчат, се лажат
Македонија

Трендафилов за 4TV.mk: Aко мислат дека со притисоци или со најави за објавување некакви нови снимки ќе нè замолчат, се лажат

26/02/2026

AA

Притисоците и заканите врз работниците кои бараат достоинствени примања се секојдневие, особено во јавниот сектор, алармира претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk.

Според него, најжестоките упади доаѓаат со политичка поддршка, честопати преку структури на синдикати кои одбиле да ги поддржат протестите.

Трендафилов го посочи примерот со вработените во „Пошта“, кои првично биле таргетирани за санкции бидејќи излегле на протест поради неисплатени плати. Сепак, тој вели дека стравот кај работниците веќе не постои.

„Никој во Македонија веќе не му се плаши на никого. Единствено нешто што им должиме е на нашите семејства – да им обезбедиме повисоки плати и достоинствен живот. Ако мислат дека со притисоци или со најави за објавување некакви нови видеоснимки ќе нè замолчат, се лажат. Тоа само покажува дека државните ресурси се трошат за следење на сите кои сметаат дека минималната плата мора да расте“, порача Трендафилов.

Тој јасно стави до знаење дека заканите од владини претставници за компромитирачки снимки нема да го поколебаат Синдикатот. Според него, ССМ е тука за да ја води борбата до крај, сè додека не се постигне целта за правично вреднување на трудот.

„Ние сме избрани од работниците и ја примаме нашата плата токму за ова – да стоиме на првата линија. Ќе продолжиме со оваа борба сè додека не избориме повисока минимална плата за секој еден работник во државата“, заклучи првиот човек на ССМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати

26/02/2026
Македонија

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно

26/02/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА

26/02/2026
Македонија

Миноски на 4TV.mk: Потребни се сеопфатни анализи за минималната плата

26/02/2026
Македонија

Стојаноски: Додека некои синдикалци бркаат политички амбиции, други склучуваат историски

26/02/2026
Македонија

Стојаноски најави драстични казни и затворање на маркети кои профитираат

26/02/2026
Македонија

СОНЧЕВ ДЕН СО МАЛКУ ОБЛАЦИ И ВЕТЕР Доаѓа затоплување, со

26/02/2026
Македонија

Стојаноски: Владата ќе има системска борба наместо привремени мерки за

26/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41995
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Миноски: Зголемување на минималната плата на 600 евра ќе опфати 240.000 работници и ќе донесе

26/02/2026

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, повика на носење одлуки базирани на

Миноски за 4TV.mk: Намалувањето на царините е позитивно, но клучно е колку економијата е подготвена

26/02/2026

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски гостуваше во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, каде што го коментираше најавениот договор со

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ПОВИКА ЖАН МИТРЕВ ДА ДАДЕ ДОКАЗИ ДЕКА ЗАЕВ САКАЛ ДА МУ ЈА

26/02/2026

Обвинителството треба да го повика Жан Митрев да даде докази за тоа што го зборува, бидејќи само така најлесно ќе

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy