Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња!
Македонија

Трендафилов за 4TV.mk: Ме следат повеќе од една година, исти лица ми ги прислушуваа разговорите по кафулиња!

26/02/2026

AA

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за повисоки работнички плати. Иако случајот е веќе во рацете на МВР и Обвинителството, Трендафилов посочи дека се обезбедени видеодокази кои набрзо треба да донесат разрешница.

„Ова не е случај од еден ден, ова трае повеќе од една година. Кога ќе излезете на кафе и до вас постојано седнува истото лице да ви го прислушува разговорот, тешко е да верувате во случајности. Скандалозно е што се злоупотребуваат државни ресурси за да се замолчат синдикални лидери само затоа што бараат достоинствен живот за работниците“, истакна Трендафилов.

Тој додаде дека нападите не биле само лични, туку се одело дотаму да се вршат упади во синдикатите и да се упатуваат директни закани кон неговото семејство и децата. Според него, минатата година власта се обидела на сила да создаде „послушен“ репрезентативен синдикат, наградувајќи ги неговите лидери со функции во управни одбори затоа што одбиле да излезат на протести со работниците.

„Пробаа да нè нападнат како колектив, пробаа да нè заплашат преку нашите најмили, но тоа нема да нè обесхрабри. Јас не барам зголемување на мојата плата, туку барам секој работник да го добие она што го заслужил за своето семејство. Сите обиди да нè скршат се безуспешни“, порача првиот човек на ССМ.

Трендафилов заклучи дека борбата за работничките права продолжува со уште поголем интензитет, без оглед на методите што се користат за негова дискредитација и замолчување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy