
Трендафилов: Срамно е Владата да се фали со покачување на минимална плата од 1.500 денари!
Во неделното гостување на Радио Слободна Европа, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, го критикуваше последното покачување на минималната плата, оценувајќи го како недоволно и, како што рече, „срамно“ за Владата.
„Владата го вклучи во предлогот за потрошувачката кошничка јаткасти производи и егзотични овошја, кои работникот не може ни да си ги дозволи“, истакна Трендафилов.
Тој најави дека, доколку минималната плата не се покачи на соодветно ниво, ССМ ќе преземе мерки, вклучително и протести и штрајкови. Исто така, Трендафилов предупреди дека 12.500 македонски работници добиле работни дозволи за работа во Хрватска, што според него треба да ги загрижи домашните компании и Владата.
