
ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци
Слободан Трендафилов oд Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и тој да земаат минимална плата од 500 евра.
ССМ утре ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.
Трендафилов порача дека не може да се одлучува за работниците без работниците. Власта и ССМ се во конфликт околу минималецот. Владата донесе одлука минималната плата да се зголеми за 1.812 денари. Но, и со тоа зголемување, Македонија е меѓу последните во регионот во однос на платите.
фото принтскрин