Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов: Како Пазарен инспекторат да ги спроведува мерките на Владата, кога немаат добиено плата?
Економија

Трендафилов: Како Пазарен инспекторат да ги спроведува мерките на Владата, кога немаат добиено плата?

23/04/2025

AA

Слободат Трендабилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, денеска брифираше за тоа кои се работници од јавниот сектор не ја добиле мартовската плата и ги повика да излезат на организиран протест за време на празникот.

– Утринава моите податоци се дека се уште не ја добиле платата во Министерството за економија и труд, вработените во Државниот пазарен инспекторат, кои треба да ги спроведува мерките на Владата и кои треба да ги контролираат нефер-трговските практики и нефер-трговците, според моите сознанија, немаат добиено плата.

Вработените во дел од Јавното обвинителство немаат добиено плата, вработените во „Водостопанство“, каде што имаше голем удар над работниците да се зачленат во друг синдикат, се уште ја немаат добиено својата плата и нема ниту изгледи кога ќе ја добијат.

Има и други низа институции во јавниот сектор кои ја немаат добиено платата. Ако не се лажам, претпладне ја добив информацијата дека и Државниот инспекторат за труд нема исплатено плата а треба да помага најмногу на работниците и да ги спречува неправилностите за исплаќањето на платите, рече Трендафилов.

Синдикалниот лидер порача дека не се испочитувани до крај ниту колективните договори и тоа го аргументираше со мотив повеќе за вработените да излезат на протестниот марш на 1-ви Мај.

– За жал, работниците во образованието не го добија зголемувањето од 12,6, добија мизерни 7 проценти. Вработените во образованието не го добија за последниот месец тоа такво мало покачување од 5 проценти. На голем број работници од јавниот сектор не им е исплатено зголемувањето од општиот колективен договор од 12,6 проценти,туку добиле линеарно зголемување од 7 отсто, што е само 1.800 денари според усогласувањето со минималната плата, смета тој.

Трендафилов апелираше до Владата да се држи до договореното, затоа што адвокатските тужби од страна на работниците и судските решенија, како што рече, ќе го чинат државниот буџет многу повеќе.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy