Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк
Македонија

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026

AA

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одржа протест пред Стопанската комора, истакнувајќи дека понудата за зголемување на платите сè уште е на маса, но дека следниот пат нема да дојдат со понуда, туку со генерален штрајк кој ќе чини многу повеќе од работничките плати.

„Добар ден на сите освен на газдите и на следачите. 21 човек сме затоа што не следат, затоа што ги заокружуваат луѓето и затоа што им се закануваат на луѓето да не дојдат на протестите. Одлучивме дека и во вторник Владата на две места 21 човек ќе ја блокираат. Тука сме кај газдите кај истите оние кои ги избркаа цели наши семејства во странство. Кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и кои одбиваат да ги зголемат останатите плати само затоаш то законот не се промени. Кај газдите кои се слепи послушници на владата, а владата веќе кажа дека си се договарала со своите вработени, па ги остави газдите да бидат виновни за идниот генерален штрајк и во јавниот и во приватниот сектор. Владата не им е пријател затоа што ги казнува, институциите ги даночат, им праќаат контроли и како што им кажуваат тие се договараат со своите вработени, а ги оставаат газдите да се договорат со своите вработени. Проблем е што газдите кои се тука позади нас, не дозволуваат синдикално организирање во најголемиот дел на приватниот сектор. Ќе упатам порака и до работниците, само еден на 10 ваши колеги се бори за вашите плати, можете да замислите што ќе беше ако се боревме осум од 10 вработени“, рече Трендафилов.

Трендафилов потенцира дека и покрај притисоците нема да се откажат.

„Денеска сум информиран, дека било кажано дека сега сум господин, дека сега веќе не сум бил политички определен, но дека било кажано уште пострашно, дека сега ќе ги заокружувале луѓето кои доаѓале на протестите и бараат корка леб. Дека сега ќе ги објавувале како што го објавуваа моето семејство. Никој на никого не му должи ништо во оваа држава и никој на никого не смее да му се плаши“, додаде Трендафилов.

Тој ги повика работодавачите да се договорат и да ги зголемат платите за најмалку 6000 денари.

„Да ја задолжиме државата од едниот џеб во другиот џеб да ги плаќа придонесите на тие вработени кои ќе добијат за најмалку 6000 денари зголемени плати. Понудата е уште на маса, следниот пат нема да доаѓаме со понуда, следниот пат ќе дојдеме со генерален штрајк кој ќе ги чини нив многу повеќе од нашите работнички плати. Само еден ден затварање на компанииите, институциите и државата, државата ќе ја чини многу повеќе од цело годишно зголемување на работничките плати“, нагласи Трендафилов.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy