Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Верувам во способностите на младите, архитектите на нашата иднина
Македонија

Тренчевска: Верувам во способностите на младите, архитектите на нашата иднина

17/11/2023

AA

„Зајакнувањето, во својата вистинска смисла, е препознавање на сопствените способности и нивно користење за да се даде позитивно влијание, не само на вашите сопствени животи, туку и на светот околу вас. Станува збор за разбирање дека вашиот глас е важен, вашите идеи се вредни и вашите постапки имаат потенцијал да го обликуваат текот на историјата“ ова го порача Тренчевска на трибината на тема „Студентите и студентскиот стандард“ по повод одбележување на 17ти ноември – Меѓународниот ден на студентите.

Министерката во своето обраќање ги охрабруваше младите на поголемо општествено учество и го искажа своето уверување дека младите поседуваат огромен потенцијал, воедно ги нарече архитекти на иднината на државата. Таа во своето обраќање се осврна на Законот за практикантство и посочи дека секој млад човек треба да ги искористи можностите кои се одредуваат согласно тој закон.

„Само изминатата година има вклучено 621 практикант, додека во двете години пред неа вкупно има вклучено 834 лица до 34 години. Верувам дека можностите се во стекнувањето на повеќе вештини. Затоа ги охрабрувам младите покрај завршување на високото образование, практично да се стекнат со вештини. Тука не се заборавени и младите кои продолжуваат и во производствената дејност, младинскиот додаток е нешто кое што го спроведуваме, а сум особено горда. Во изминатите три години имаме вклучено 14 439 млади кои добиваат 3000 денари плус на нивните сметки“ рече Тренчевска.

На крај министерката ги поздрави младите и им го честита меѓународниот ден на студентите. Воедно ги предизвика да ги искористат можностите пред нив, и повика да бидат промената што сакаат да ја видат во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025
Македонија

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ

21/11/2025
Македонија

ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО

21/11/2025
Македонија

ЗЕМАЛЕ ПОТКУП ОД СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО, ЗА ДА МУ

20/11/2025
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за

20/11/2025
Македонија

ВИДЕО Претепана малолетничка, но правдата е блокирана: Обвинителството во Штип

20/11/2025
Македонија

Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

20/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО АПСЕШЕ, А СУДСТВОТО СУДЕШЕ ПО ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ

20/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37887
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(57) oд Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ Пријава за фалсификат во Пехчево

21/11/2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено

ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Нека реши

21/11/2025

СДСМ нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат, рече денеска пратеникот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy