Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Продолжуваме со силна поддршка на граѓански организации во превенцијата и спречување на насилството
Македонија

Тренчевска: Продолжуваме со силна поддршка на граѓански организации во превенцијата и спречување на насилството

26/12/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со Проф. др. Гордана Силјановска Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби и Лилјана Поповска, член на извршниот одбор на Европското женско лоби и поранешна пратеничка се обратија на конференцијата „Превенција и заштита од насилство врз жените и девојчињата. Регулатива, имплементација и реалност“.

Тренчевска во своето обраќање зборуваше за моменталната ситуација во државата во делот на свеста на населението за насилството и актите на насилство. Таа истакна дека државата со спроведувањето на законите бележи напредок во делот на ова прашање, насилството е се повеќе пријавувано и таа истакна дека дополнително кон тоа придонесува и извештајот ГРЕВИО.

„Како држава го подготвивме првиот иницијален извештај за спроведување на Истанбулската конвенција и истиот е доставен до ГРЕВИО мониторинг телото и скоро треба да ги добиеме препораките за понатамошно унапредување на одговорот во справувањето со родово базираното насилство. Истите ќе бидат адресирани во Новата Стратегија за справување со насилството врз жените и семејното насилство која треба да се подготви во наредниот период“ рече Тренчевска.

Таа по истакнувањето на заложбите на институциите посочи дека нејзина цел ќе остане поддршката на невладиниот и граѓанскиот сектор затоа што според неа токму тие ја менуваат општествената свест. Посочувајќи дека само со заеднички пристап ќе може да се дојде до напредок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy