Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Преку системски решенија, овозможуваме достоинствен живот за пензионерите
Македонија

Тренчевска: Преку системски решенија, овозможуваме достоинствен живот за пензионерите

20/09/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во Владата на Република Северна Македонија и се сретна со претставниците на координативното тело за протести на пензионерите.

Од страна на министерката беше посочено дека Владата има слух за сите граѓани во државата, а одржувањето на денешната средба, како и претходната во Министерството за труд и социјална политика се потврда за тоа.

Министерката Тренчевска истакна дека веднаш по одржаната средба во Министерството за труд и социјална политика, беше формирана и работна група, со номинирани членови на сите засегнати страни, како и дека таа работна група редовно одржува состаноци на кои се разгледуваат сите пристигнати барања и предлози од здруженијата на пензионери, Партијата на пензионери и Сојузот на пензионери на Македонија.

„Работната група работи на креирање на краткорочни и на долгорочни мерки за пензионерите. Повторно како и претходната година ќе бидат креирани антикризни-социјални мерки како краткорочно решение и се работи на измени на законот за пензиско осигурување со кое ќе се обезбеди повисока минимална пензија. Тоа е системско решение како и претходното со усвојување на новата методологијата за усогласување на пензиите, со која се обезбедува постојан раст на пензиите“, истакна Тренчевска.

Преку методологијата пензиите за нецели две години пораснаа за околу 24 отсто. Притоа се обезбедува и стабилност на пензискиот систем и редовна исплата на пензиите. Работната група кога ќе ги финализира предлозите ќе ги достави до Владата на усвојување и за тоа ќе биде известена јавноста.

Оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика изминатиот период покажаа вистинска грижа за пензионерите. За тоа потврдува постојаниот раст на пензиите, антикризните мерки во кои беа вклучени пензионерите, воспоставувањето на социјални услуги низ целата држава, како помош и нега во домот на стари лица, како и инвестиции во изградба на домови за стари лица во Берово, Пробиштип, Кавадарци и Крива Паланка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy