
Тренчевска: Парите од антикризниот пакет на сметките на граѓаните до крајот на декември
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска, како одговор на новинарско прашање, рече дека првите исплати од новиот антикризен пакет на мерки ќе легнат на сметките на граѓаните на крајот на овој месец.
– До крајот на декември треба да ја зпаочнеме исплатата од новиот пакет на антикризни мерки – кај пензионерите, кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки о кај учениците, рече министерката.
Таа додаде дека очекува утре на владина седница да виде усвоен Законот за финансиска поддршка, додека во Собранието, како што најави Тренчевска, треба да биде изгласан следната недела.
– Кога ќе биде објавен Законот, ќе се објават и начините како дел од граѓаните ќе може да аплицираат, освен кај пензионерите кои директоно ќе ги добијат парите, наведе Тренчевска.

