Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска од Брисел: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство
Македонија

Тренчевска од Брисел: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство

10/05/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска е во работна посета на Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст.

Билатералниот состанок започна со тема „Европскиот столб на социјални права“ на која министерката Тренчевска во своето воведно обраќање  зборуваше за националните клучни реформи и иницијативи  како и предизвици и идни планови  во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права. Таа посочи дека, овие начела кои ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа се интегрирани и се гарантираат во нашиот правен поредок, Уставот и законите.

„Еднаквите можности, пристап до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство и тие се насочени кон создавање на  праведна и одржлива економија, која ја искоренува сиромаштијата, кон подобрување на  животниот стандард  на граѓаните, а особено на најранливите категории на граѓани“ истакна Тренчевска.

Министерката се осврна на областа „Вработување и социјална политика“ која е динамична област и во  континуитет се врши усогласување со европското законодавство и практики.

„Подготвивме нов Закон за работните односи, со кој се унапредува правната рамка за заштита на правата на работниците. Законот ќе биде усогласен со европското право  и меѓународните трудови стандарди. Овој закон се подготвуваше низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, вклучувајќи ги организациите на работодавачи и синдикатите, судии, академската заедница и останати засегнати страни,“ истакна Тренчевска.

Зборувајќи за новиот Закон за работните односи, министерката ги потенцираше клучните новитети во оваа областа како што се  новите форми на договори за вработување, уредување на транспарентни  и предвидливи  услови за работа, и создавање на достоинствени работни места, еднаквите можности на работниците со семејни обврски, воведување на татковско и родителско отсуство и друго. Таа се осврна на ефикасно функционирање на социјалниот дијалог на сите нивоа, политиките за вработување на млади, младинската гаранција, вработувањето на Ромите, долгорочно невработени ниско- квалификуваните, и лицата со попреченост како приоритетни цели.

„Социјалната економија вградена во стратешките и владините приоритети ја препознаваме како огромен потенцијал за социјална интеграција и работно интегрирање на ранливите групи на граѓани на пазарот на трудот,“ рече Тренчевска и додаде дека министерството работи на Закон за социјални претпријатија кој ќе ги уреди основните карактеристики на социјалните претпријатија, начелата и заедничките вредности на делување.

Министерката зборуваше и за реформите во областа на социјалната вклученост и заштита. Во таа насока се осврна на социјалната помош која е редизајнирана во Гарантирана минимална помош, со цел да се задоволат минималните егзистенцијални потреби за сите што немаат доволно средства за живот. Потоа инвестиции во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание.  Успешното спроведување на Националната стратегија за деинституционализација 2027 година лицата со попречност. Како резултат на тоа, нема деца и млади во ниту една од резиденцијалните социјални установи. Согласно со Законот за социјална заштита е воспоставен систем на лиценцирање на даватели на социјални услуги. Досега лиценцирани се над 80  даватели на социјални услуги (здруженијата на граѓани и приватните субјекти), кои можат да ги користат над 2700, претежно стари лица, но и лица со попреченост, деца и нивните семејства.

„Верувам дека, како и досега, така и во иднина ќе продолжиме со справување и надминување на предизвиците што доаѓаат со трансформацијата на економијата и пазарот на трудот, зелената транзиција, дигиталната транзиција, инвестициите во децата и младите и обезбедување вистински пристап до социјална интеграција и можности за просперитетен живот за сите наши граѓани,“ порача Тренчевска.

Во продолжение на денешниот ден, дел од учесниците на делегацијата на РСМ ќе имаат презентации кои се однесуваат на подрачјето Трудово право.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy