Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет
Македонија

Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет

06/06/2023

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа“.

„Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години интензивно работи на унапредување на современиот концепт на правда на децата преку зајакнување на деинституционализацијата, кој во својата суштина го става акцентот на вонинституционалниот третман на децата во ризик и  децата во судир со законот, наспроти институционалниот“ рече Тренчевска на почетокот од своето обраќање.

Воедно истакна дека тоа ни малку не ја намалува должноста и одговорноста на државата и нејзините институции. Таа посочи дека тие треба да го осмислат, поддржуваат организираат и да го контролираат системот на мерки на поддршка, помош и заштита на децата надвор од институционалниот третман.

„Во јули 2018 година се заврши трансформацијата на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, со која сите  25 деца во ризик се преселени во пет групни домови во Скопје каде е обезбедена 24-часовна поддршка од стручни работници. Стручните работници кои работат со децата во групните домови поминаа обука за новиот начин на работење, а заради поквалитена грижа на децата се вработија и нови стручни работници“ изјави Тренчевска.

Министерката објасни дека услугите за деца во судир со законот се темелат на современ интердисциплинарен пристап и максимална интеграција на децата, преку почитување на личното достоинство и интегритет на детето и развивање на нивната самодоверба. Таа посочи и на досегашните искуства и рече дека тие покажуваат дека згрижувањето во групните домови дава поголем и подолготраен ефект од стариот институционален пристап. Тренчевска на крајот од своето обраќање посака успешна и плодна работа на дводневната конференција.

На конференцијата во воведните излагања се обратија и шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килијан Вал и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреа Силвестри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ИЗГОРЕ ГАРАЖАТА ЗА АВТОБУСИ НА КОМПАНИЈАТА „БЕЛДОНА“ ВО КОЧАНСКО

01/11/2026
Македонија

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До

01/11/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено

31/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Го

31/10/2026
Македонија

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КИЧЕВО Николоски најави продолжување на инфраструктурните

31/10/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ОСТАНУВА НА МАКЕДОНСКИ Димитриевски уверува дека ставот на

31/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНО ЗДРАВСТВО И ЕДУКАЦИЈА НА СПЕЦИЈАЛИСТИ Нов договор меѓу Македонија

31/10/2026
Македонија

Народната банка: Одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија

31/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46480
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ИЗГОРЕ ГАРАЖАТА ЗА АВТОБУСИ НА КОМПАНИЈАТА „БЕЛДОНА“ ВО КОЧАНСКО Не се знаат причините за

01/11/2026

Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија „Белдона“ во близина на селото Тркање, кај Кочани. Огнената стихија избувнала околу 9

ЗГОЛЕМЕНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО БРВЕНИЦА ВО СПОРЕДБА СО ПРВИОТ КРУГ До 9 часот гласале 3,98 проценти

01/11/2026

Излезноста во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница до 9 часот изнесува 3,98 проценти, односно своето

МАКЕДОНИЈА ПОД ОБЛАЦИ, ДОЖДОТ НЕ ЗАПИРА Во Скопје врнежи особено попладне и во текот на

31/10/2026

Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, нè очекува во недела. Според прогнозата на метеоролозите,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy