Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Бебето со туберкулоза не било занемарено од родителите
Македонија

Тренчевска: Бебето со туберкулоза не било занемарено од родителите

01/03/2023

AA

Досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово хоспитализирано на Интензивна нега на Клиниката за детски болести, кажа денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Таа додаде дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Центарот за социјална работа Куманово, кој навреме реагирал и направил увид во документацијата, дали семејството е примател на некакво право и дали се евидентирани кај нив.

„Првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување. Вчера излегол стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено“, рече министерката.
Деветмесечното бебе пред два дена е сместено на Детската клиника во Скопје, откако прво било донесено во кумановската болница во тешка задравствена состојба. На бебето и мајката им е дијагностицирана туберкулоза, додека за таткото и за другите деца нема резултати.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy