Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“
Македонија

Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“

24/04/2025

AA

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска од собраниската говорница, во рамките на седницата за пратенички прашања упати прашање до министерот за здравство Арбен Таравари, во врска со бројните скандали во здравството и здравствениот систем кој е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите.

„Заштитата на здравјето на граѓаните во секоја одговорна држава е највисок приоритет. Обезбедувањето здравствен систем во функција на граѓаните не е само  само прашање на хуманост, туку и одговорност на секоја Влада – здрава нација значи продуктивна нација и тоа е основа за напредокот на секоја држава.

Но, овие вредности се далеку од приоритетите на македонската влада.

Наместо функционален и стабилен здравствен систем, столб на сигурност- нашиот здравствен систем е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите.

За 10 месеци оваа Влада и министерот за здравство Таравари, го доведоа до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“. Секој сектор од здравството е метастазиран од неспособноста и негрижата на власта, а граѓаните со здравјето го плаќаат цехот.

Наместо систем кој треба да се грижи за здравјето на граѓаните и да лекува, имаме систем кој го става во ризик животот на луѓето, систем кој убива.

Министре Таравари, поважни ви беа бизнис интересите отколку вистинските инвестиции во интерес на граѓаните.

Единствениот проект што го најавивте е најкриминалниот и скандалозен тендер за паркингот на клинички со компанијата Ѓока.

Тоа е единствен проект кој го најавивте и ви пропадна по реакциите на јавноста.

Наместо реформи и подобри здравствени услуги, сведоци сме на тотален хаос, хуманитарни катастрофи –  кои за жал станаа секојдневие.

Речиси и да нема клиника која не се соочува со некаков проблем, дали е тоа терапија, опрема, персонал. Нема пациент кој не минува низ голгота кога му е потребна здравствена помош. 

Ќе потсетам на неколку хуманитарни скандали:

Два пати за три месеци ја снемува биолошката терапија на Клиниката за онкологија за пациентите болни од канцер – тоа за нив  живот значи.

Не го исполнивте ветувањето дека никогаш повеќе овие пациенти нема да бидат оставени без терапија. И повторно слушаме некои изговори за административни процедури, за тендерски планови, празни ветувања дека утре, задутре ќе се решел проблемот. Прашуваме кога?….

Знаете дека на овој начин се коцкате со животот на онколошките пациенти?  Дека нивното здравје зависи од секоја доза, од секој ден…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy