Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Требало да се внимава на тајмингот за измените во КЗ, вели Џолев
Македонија

Требало да се внимава на тајмингот за измените во КЗ, вели Џолев

19/10/2023

AA

Она што како фела го анализираме е дека требало да се внимава на тајмингот кога тие измени требало да се одлучат. Дали е вистинскиот тајминг, не знам. Меѓутоа тајмингот за многу работи е важен, во спротивно може да бидат контрапродуктивни, изјави претседателот на Основен кривичен суд – Скопје, Иван Џолев, во врска со измените на Кривичниот законик.На денешниот брифинг со новинари, Џолев посочи дека имало многу застарени предмети кои беа во финална фаза.

– Ако станува збор за усогласување со ЕУ, тогаш многу е битен тајмингот. Во случајов имаше многу застарени предмети кои беа во финална фаза, дали требаше да се почека, не знам, рече тој.
Според Џолев, единствена придобивка од измените на Кривичниот законик, а се во правец на забрзување на постапките, е што ќе се смени стварноста надлежност.

– Од пет член совет, сега ќе постапува судија поединец, што прилично ќе ја олесни работата на судот, бидејќи самиот судија ќе може да даде поголема динамика, да закаже повеќе рочишта. Нема да мора дополнително да се организира, да обезбедува судии поротници и други судии, рече тој.
Според статистиката извадена од АКМИС за сите активни предмети по став 3 и 5 од членот 353 – „злоупотреба на службената положба и овластување“, која ја соопштија од Кривичен на денешниот брифинг, има 36 предмети за 197 лица, а колку од нив ќе застарат зависи од преквалификацијата што треба да ја направи обвинителот.

– За тие предмети, зависно од предлогот на обвинителот ќе одлучува судијата. Во најголем дел од предметите, освен членот 353, има и други членови, соопштија од судот.
Од сите предмети на СЈО, како што дополнија, вкупно 21, сите кои започнуваат на буквата Т, плус „Насилство во Општина Центар“, 3 сѐ уште се судат.

– Сите други имаат првостепена пресуда, а дел се правосилни, велат од судот.
Дополнуваат дека за ниту еден предмет нема мериторна одлука, туку се враќани на повторно судење и апелираат да се престане да се вперува прстот во судството за тоа што некои од предметите се застарени, бидејќи, според нив, причината не е судството.

– Се манипулира со јавноста дека судските постапки траат од седум до десет години. Предметите на СЈО започнаа на 1.1.2018 година, сега сме октомври 2023, обична математика ако се направи ќе видите дека не станува збор за постапки кои траат од седум до десет години, математиката е пет години, велат од судот.
Според Кривичен, доколку Апелација постапувала мериторно, сега немаше да зборуваме за овие предмети.

– Апелираме за мериторни одлучување на Апелациониот суд, велат оттаму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy