Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Треба ли нова хаварија?“: Крстевски предупредува за темпирани бомби во Кочани, додека обвинителот Јанев порача – „Пулс“ стана масовна гробница поради отровот во ѕидовите
Македонија

„Треба ли нова хаварија?“: Крстевски предупредува за темпирани бомби во Кочани, додека обвинителот Јанев порача – „Пулс“ стана масовна гробница поради отровот во ѕидовите

20/11/2025

AA

Додека јавноста сè уште е во шок од воведните зборови на обвинителството за трагедијата во „Пулс“, поранешниот в.д. градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, излезе со алармантно предупредување. Тој јавно прашува дали лекцијата е научена, посочувајќи дека во градот сè уште функционираат дивоградби за кои институциите молчат, и покрај поднесените кривични пријави.

Реакцијата на Крстевски доаѓа во момент кога обвинителот Борче Јанев во судницата сликовито опиша како системската негрижа претворила еден ноќен клуб во „масовна гробница“.

Во својот фејсбук статус, Крстевски обелоденува дека опасноста во Кочани не завршила со затворањето на „Пулс“. Тој посочува кон конкретни угостителски објекти сместени во Трговскиот центар, за кои тврди дека се дивоградби и потенцијална нова опасност.

Неговата изјава фрла сериозен сомнеж врз работата на локалниот инспекторат и сугерира дека и покрај трагедијата со 63 жртви, институционалната заштита на незаконските градби сè уште постои.

Паралелно со предупредувањата на Крстевски, зборовите на обвинителот Борче Јанев од судницата одекнуваат како тешко обвинение против целиот систем. Тој детално ги наброја сите „ако“ – сите безбедносни стандарди кои, доколку биле почитувани, ќе ги спаселе животите на младите.

Според Јанев, клубот бил смртоносна стапица обложена со материјали кои убиваат побрзо од самиот пламен.

Пораката од судницата е јасна – се бара конкретна одговорност, со име и презиме. Обвинителот нагласи дека правдата во овој случај не е за утеха или одмазда, туку е неопходна последица на незаконитоста што владеела.

„За светлата во дискотеките никогаш повеќе да не го заслепат разумот и за ниту еден лажен сјај, самоволие и привид на контрола и постапување… никогаш повеќе да не бидат посилни од човечкиот живот,“ поентираше обвинителот.

Останува отворено прашањето дали надлежните институции ќе ги истражат наводите на Крстевски за трговскиот центар во Кочани пред да биде предоцна, или „привидот на контрола“ за кој говори обвинителот сè уште е реалност на терен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

03/03/2026

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy