
ТРЕБА ДА СТАВИ КРАЈ НА НЕЛОЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА: Собранието го донесе Законот за нефер трговски практики
Собранието го донесе Законот за нефер трговски практики.
Со 82 гласа „за“ и ниту еден против пратениците го донесоа Законот за забрана за нефер трговски практики. Законот треба да стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата, но и да воведе ред во цените во малопродажба.
Но, првите ефекти од ова законско решение ќе се почувствуваат дури наесен затоа што производителите и трговците имаат рок од 6 месеци за да ги усогласат договорите. За непочитување на Законот предвидени се парични казни од 20.000 евра. Дополнителни надлежности добива и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Вицепремиерот Фатмир Битиќи вели, ова е законско решение кое е прво од ваков вид во Европа.