
„ТРЕБА ДА РАЗБЕРЕТЕ ДЕКА ОВА Е ЖОЛТ КАРТОН, ДАЛИ ТРЕБА ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ОДНЕСУВААТ НАСИЛНО?“: Најчевска вели, граѓаните изразуваат масовно незадоволство
Професорката Мирјана Најчевска го коментираше бојкото на маркетите во земјава.
„Наместо да прикажувате проценти и да мерите колку луѓе не купувале во петокот, мислам дека треба да разберете дека ова е жолт картон. Дека граѓаните не веруваат во државата и заштитата која треба да ја добијат од неа во однос на приватниот бизнис и во однос на сопствената егзистенција.
Граѓаните изразуваат масовно незадоволство.
Дали треба да почнат да се однесуваат насилно за да ја слушнете пораката?“, напиша таа.
