Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Треба да платиме 77 милиони евра за да ги намалиме загубите на струја и да плаќаме помали сметки
Економија

Треба да платиме 77 милиони евра за да ги намалиме загубите на струја и да плаќаме помали сметки

29/08/2024

AA

Пресметката на „Електродистрибуција“, фирмата-ќерка на АД ЕВН, во објавениот План за намалување на загубите на електрична енергија, е дека во тековниот и наредниот период ќе се потрошат 77 милиони евра за дислокација на броилата, надвор од имотите на потрошувачите, заради намалување на загубите на електричната енергија во дистрибутивната мрежа.

Македонија е една од земјите во Европа во која најмногу се губи струјата, поради што делумно плаќаме и повисоки сметки за електрична енергија. Се губи околу 14 отсто од струјата, која сепак на крајот ја плаќаат потрошувачите. Една од мерките која ја има преземено „Електродистрибуција“ е дислокација на броилата во мерни ормари надвор од
имотот на корисниците. Истовремено се врши инсталирање на броила со далечинско отчитувње и исклучување и тоа е убедливо најефикасна мерка, според фирмата на ЕВН.

„Оваа мерка која се однесува на групни дислоакции на мерни места заради намалување на загуби, досега во
пракса се покажа како убедливо најефикасна во намалување на загубите. Уште повеќе, со реализација на оваа
мерка, не само што најмногу се намалуваат загубите, туку истата има најголемо влијание и на намалување на
вкупните загуби во целата мрежа“, велат од „Електродистрибуција“, од каде што дополнуваат дека оваа инвестиција носи и други поволности за потрошувачите.

Најголеми загуби има во скопските региони, а понатаму следуваат Гостивар, Куманово и Прилеп. Промената ќе трае десет години, а пресметките се дека загубите потоа ќе изнесуваат 10 отсто на ниво на целата држава.

Ќе се дислоцираат повеќе од 50.000 групни броила во Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп, Кичево, Струга и Струмица. За ова ќе бидат потребни 77,5 милиони евра, од кои најмногу – 26,5 милиони евра за скопскиот регион кој гравитира кон Куманово. Промената е почната лани, а ќе трае до 2033. Од компанијата се свесни дека ова ќе повлече и ризици на терен. Најмногу проблеми имале во Арачиново, Сингелиќ, Серава, Сарај, Грчец, итн. Тука компанијата стравува дека се можни и манипулации со новите електронски броила.

„Проблем со кој постојано се соочуваме при реализацијата на тековните проекти, а кои сигурно ќе ги има и при
идните групни дислокации се: постојан отпор на локалното население за реализација на дислокациите, напад на нашите вработени, групирање на локалното население, не дозволување на пристап на веќе дислоцираните мерни места, манипулации на броилата на дислоцираните мерни места, енергетски, економски, социјални кризи“, предупредуваат оттаму.

Според годишниот извештај за 2023 на Регулаторната комисија за енергетика, лани сме платиле 95 милиони евра за покривање на загубите во електродистрибутивниот систем. Струјата се купувала преку ЕСМ, МЕПСО и пазарот на електрична енергија.

Од „Електродистрибуција“ дополнуваат дека истовремено ќе продолжи промената на поединечните броила, за чии потрошувачи се смета дека реално трошат повеќе струја. Ќе продолжи и замената на трансформаторите и на самата мрежа за да се намалат загубите.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
Македонија

СУДИИТЕ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ АКО ПЛАТИТЕ ИМ ОСТАНАТ ЗАМРЗНАТИ Дополнета е

02/03/2026
Македонија

Руте утре доаѓа во Скопје, ќе има затворени улици!

02/03/2026
Македонија

📽️ ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ЗАСТАНА НА БАНКОМАТ ВО ЦЕНТАР Сиљановска-Давкова подигаше пари

02/03/2026
Македонија

Се огласија од ГАК со детали за смртта на 34-годишната

02/03/2026
Македонија

Андоновски учесник на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори – MWC26 во

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42148
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете, се вршат разговори со повеќе

02/03/2026

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде по пад од висококатница

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот притвор за Груби е преседан

02/03/2026

Недозволиво е Артан Груби да биде во куќен притвор, оцени вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Во гостување на

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026

По големата трагедија која што се случи денеска во скопската населба Карпош кога мајка со дете во рака скокна од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy