
ТРЕБА ДА БИДЕ ДИСКРЕТЕН И ДА ИМА СЕНС ЗА УСЛУГИ НА КЛИЕНТИТЕ – еве каков персонал бараат од Нетфликс за еден од своите приватни авиони
Американската продукциска компанија Нетфликс објави оглас во кој бара член на кабински персонал за еден од нејзините приватни авиони, кој може да биде платен до 385.000 долари годишно.
„Просечната плата за оваа позиција е помеѓу 60.000 и 385.000 долари“, се вели во огласот на веб-страницата на Нетфликс, кој минатата година отпушти неколку стотици луѓе поради намалените претплатници.
Кандидатот мора да има „независна проценка, да биде дискретен и да има извонредни вештини за услуги на клиентите“, објави Би-Би-Си.
Тој исто така треба да знае да работи со, како што е наведено, малку насока и многу мотивација.
Апликантот мора да биде подготвен да се пресели во градот Сан Хозе и да патува надвор од Соединетите држави.
„Netflix Air Service обезбедува исклучителен, безбеден, доверлив транспорт“, се наведува во огласот.
Вработениот ќе треба да може да подигне 13,6 килограми при товарење и складирање на предмети во авионот.
Просечната плата за кабинскиот екипаж во САД е нешто повеќе од 62.000 долари годишно, според Бирото за статистика на трудот на САД.
(Танјуг)

