
Транспортерите и превозниците со приоритет за нов пасош
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека транспортерите и превозниците ќе имаат приоритет за обновување на пасошите со новото уставно име.
„Излегуваме во пресрет на барањата на транспортерите и превозниците, покажуваме посветеност и поддршка, бидејќи транспортната дејност е една од најзначајните гранки кои учествуваат во домашниот БДП.
На барање на здруженијата обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи на сите транспортери и превозници кои поседуваат сертификати за професионални возачи“,објави Бочварски.
Синоќжа на граничниот премин Богородица пристигнаа 140.000 обрасци за издавање на нови патни исправи.

